По блокадата од Бугарија – подлабока криза или експертска влада?

Опозицијата се погласна, оставки од Заев, Димитров и Филипче  и формирање експертска влада. Само тоа според опозицискиот блок може да ги промени работите во оваа држава.

Според ВМРО-ДПМНЕ премиерот, министерот за здравство и министерот за надворешни се изворот на кризата во Македонија. Велат за ова прашање добиваат позитивни сигнали од Алијанса на Албанците и Алтернатива.

Сметам дека со нивната оставка ние ќе можеме како држава да создадеме можност да формираме Влада на експерти која што ќе може подобро да се носи и во здравството, и во економијата, и во евро интеграциите. ….Гледаме дека го делат мислењето дека на државата во ваква кризна економска надворешна политичка и здравствена ситуација повеќе би им помогнала експертска влада отколку Влада која што има изгубено доверба“-велиАнтонијо Милошоски – ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата на Села исто како и ВМРО-ДПМНЕ за лошата состојба во здравството, надворешната политика и економија ја обвинува власта. Од Алијанса на Албаците инсистираат поскоро да биде формирана широка влада, а потоа граѓаните на избори да одлучат кој треба да ја води државата. 

И Алтернатива со истиот став, оставки мора да има.

Власта мора да преземе одговорност за кризата во Македонија. Одговорни се за ветото што ни го стави Бугарија, но и за лошото справување со корона криза. Решение е нивна оставка и формирање на влада на експерти односно широка влада-велат од Алтернатива.

Власта не се чувствува одговорна. Владата ги отфрли барањата на опозицијата и велат дека тоа би било неодговорен чин и оти земјата не треба да отстапува од патот кон ЕУ. Заев не сака ниту лидерска средба, а не ја дава ниту премиерската фотелја.

ВМРО-ДПМНЕ пак го потсети Заев на неговата изјава од лани дека ќе си даде оставка, во случај Македонија да не добие датум за преговори.

Мери Ѓоѓиевска

Advertisements

Поврзани вести