По 8 години владеење со Тетово, еден од најзагадените градови во Македонија, ДУИ на дело ја покажа зелената агенда

Проблеми со депонирање на отпад,бројни диви депонии во и надвор од градот,урбанизација наместо зеленило,недоволно вода за пиење, дивоградби во заштитетни подрачја,некогаш прв во светот по аерозагаденост-ова е сликата за Тетово,градот кој веќе осма година  го води партијата на Али Ахмети.

Најмногу работа околу остварувањето на својата зелена агенда, се чини ДУИ ќе има во Тетово.Еве, ова позади мене е само една од многуте диви депонии во градот-проблем, кој никако да се реши со години.

И токму поради сето ова- вчерашното промовирање на зелената агенда на ДУИ, наиде на потсмев кај тетовци.Градот под Шара велат, веќе одамна ја има изгубено битката со здрава и чиста животна средина.

Во изминативе осум години,колку што ДУИ ја води локалната самоуправа,Тетово значително се уништи во поглед на животната средина.Сеуште наместо претоварна станица според стандарди, има импровизираната депонија, каде се истура целиот отпад од градот, директно на земја, загадувајќи се околу.Не се реши ниту проблемот со депониите  околу градот.Ниту проблемот со водата за пиење.Масакрирањето на Шара пак,со изградба на патишта, дива сеча, мали хидроцентрали,зема се поголем замав.                  

Зелената ДУИ на Ахмети се чини си наметна голем предизвик-да спаси нешто , што веќе е речиси уништено.

Милена Вучевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста