По 14- ти пат, Прилеп го прослави својот патрон „Св.Никола“

Со празнична божествена литургија, со која чинонанчалствуваше Поглаварот на МПЦ ОА, г.г.Стефан, пред Параклисот „Св.Никола“ во центарот на Прилеп, прилепчани, верни на верата и традицијата, по 14-ти пат, го прославија својот патрон на градот.

Во името на Црквата, надлежниот архијереј, митрополитот Петар , честитајќи го празникот, контекстуално укажа и на многу поопасните последици, како што рече, од аерозагадувањето, алудирајќи на духовното загадување кое земало се’ поголем замав.

Прилепчани задоволни што оваа традиција продолжува, иако некои од нив имаа мали забелешки на организацијата, но и стравови, дали догодина ќе се одржи, пред се’ заради актуелните политички случувања.

Пред да биде благословена заедничката трпеза, годинашните кумови, семејството Небрежанец, кумството, за наредната година им го предадоа на семејствата Тарунџиоски и Качкиноски, инаку познати прилепски бизнисмени.

Колку за потсетување, пред преземањето на власта, актуелното градско раководство, како тогашна опозиција, со години беа против оваа манифестација, која до ниво на туристички бренд ја воздигна минатата локална власт.

Каролина Дурло

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста