По 100 дена англиските фудбалски екипи продолжуваат со премиер лигата
По 100 дена Англичаните се враќаат на својата гордост, на фудбалот и на натпреварите во Премиер лигата. Од 9 март трае принудната пауза поради пандемијата на корона, а тој пост ќе биде прекинат со средбите на Арсенал и Манчестер Сити и на Астон Вила со Шефилд Јунајтед. Ова се последни дуели од 29-тото коло, по што од петок до понеделник на програмата е 30-тата рунда. И на островот ќе се игра без публика и под строги мерки на претпазливост.
КАТЕГОРИИ Фудбал