Плоштадот „Македонија “ преполн секоја вечер, Спасовски уверува дека ќе стави ред

Во вечерните часови, со денови наназад голема е посетеноста на плоштадот Македонија. Новогодишните украси и предолгото затворање на граѓаните во домовите ги натера да излезат на плоштадот во главниот град, барем на момент да ја почувствуваат новогодишната магија.  иако стравуваат од зараза со вирусот, не ножат да одолеат на искушението.

Угостителските објекти од утре ќе стават клуч на врата уште во 18 часот според новата владина одлука. Граѓаните не наоѓаат вина кај себе, со тоа што се групираат, иако е забрането, но сметаат дека кафеаните треба целосно да се затворат бидејќи тие биле извор на проширување на заразата..

Со новите владини мерки целосно се забранува групирањето на граѓаните и на отворено и на затворено..За непочитување, полицијата ќе казнува, уверува министерот Спасовски.

  • Овие мерки никој не ги посакува, но се неизбежни во овој период. Треба самите да си помогнеме. Нема забрана за издавање на викенд куќи за семејства. Но кривично дело е издавање викендици на групи на луѓе. Превентивно реагираме на издавачите на викенд куќите. Ќе има засилени контроли. За полицијата ќе има многу работа, но здравјето на граѓаните е врвен приоритет и ќе се прави увид и во викендиците и ќе следуваат казни. Сериозна одговорност е издавањето на вилите, истакна Спасовски.

Со мерките не само Нова година туку и Бадник и Божиќ ќе треба да се празнуваат во кругот на најблиските..,

Виткорија Миткова

Advertisements

Поврзани вести