Пломба за сите угостителски објекти каде не се почитуваат протоколите за работа

Од вечер ќе се пломбираат сите угостителски објекти во кој не се почитуваат Протоколите за работа, ваквата одлука е донесена откако винекдов низ целата држава се оганизираа ноќни забави без да се почитува растојание и да се носи маска. Целосна забрана за работа, како и  јавно да се објават нивните имиња од  Пазарниот инспекторат побараа и од Независната угостителска комора, реагирајки дека на овој начин поединици ја загрозуваат целата угостителска индустрија. Викендов социјалните мрежи беа преплавени со видео клипови од полни кафулиња и свадбари без маски.

За овој видео клип се тврди дека е сниман викендов кога во штип имаше рекордни 90 новозаболени. Клипот е сниман пред кафе барот „Нова“ во Штип. Алфа денес стапи во контакт со сопственикот кој ниту  негираше, ниту пак ја потврди веродостојноста на снимката.  Луда забава не регистрирале ниту пазарните инспектори.и додека едни се забавуваат, болниците се полнат.  постхумно корона вирусот е дијагностициран и кај 48 маж од Штип, а болницата се подготвува за монтажна болница којашто  ќе се користи од септември. Капацитетот на штипска инфектологија е речиси исполнет.

-„Ние секојдневно имаме исписи на пациенти. Подолг период сме со стабилна бројка над 50. Да се надеваме дека бројот нема да се зголемува. Да ја искористам приликата и да упатам апел до граѓаните. Работата е сериозна. Бројките повторно растат„-изјави Ѓеоргијев

Од денес повторно со работа започна локалната самоуправа во Радовиш, каде што едно лице е позитивно, а деветмина се во самоизолација .Што се однесува до старечкиот дом во овој град  корона е дијагностицирана  кај тројца вработени и седум жители на домот. Штипскиот центар за јавно здравје до Комисијата за заразни болести поднесе предлог старечкиот дом да биде ставен во карантин.

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста