Платформата пак падна на испит – ќе почне ли воопшто учењето на далечина на 1 -ви Октомври ?

И денеска крах на националната платформа, втор тест, второ паѓање. На два дена пред стартот на учебната година учениците и наставницитене можат да го реализираат закажаниот пробен онлајн час. И денеска – илјадници ученици и наставници се соочуваат со “грешка” во обидот на логирање на платформата.

Наместо одговорност, пред се морална, министерката Мила Царовска смирено порачува родителите да биле трпеливи.

Треба трпение и сите знаеме дека процесот нема да биде лесен. Да ја дадеме поддршката на наставниците кои трпат големи притисоци овие моменти. Оваа платформа ја правиме за наредните 15 години“, истакна Царовска.

Јавноста врие. За какви 15 години разговараме кога платформата не може ни да стартува, над 40 илјади деца немаат компјутери, родителите неможат да си дозволат да купуваат. Се кренаа и Ромите. Реагираат оти онлајн учењето нема да може да се следи на ромски. Министерката изгубена во преводот, вика не знаела. А кој треба да знае, прашуваат граѓаните?

Јас ова морам да го проверам.Знам дека на 5 наставни јазика каде што се најде итно се преведе. Доколку ова е така…ова треба да го одговориме како прашање. Наставниот јазик како ромски од нивните катедри или од училиштето да се помогне за превод.” – изјави Мила Царовска.

Допрва ли ќе се преведува на ромски а учебната година стартува за два дена? Вријат и средношколците.

Како ќе успеат првите пробни часови кога платформата воопшто не е функционално кај повеќето ученици. На официјалната страница за платформата исто така покажува дека има и мобилна верзија, но во теорија мобилната верзија не е воопшто функционална.” – велат од Средношколски Глас.

Националната платформа стана предмет на шега на социјалните мрежи. Дали воопшто годината ќе почне на 1-ви октомври?

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста