Планот на Меџити да го стави под своја лична контрола Клиничкиот центар “Мајка Тереза” се поизвесно е дека нема да успее

Планот на Меџити да го стави под своја лична контрола Клиничкиот центар “Мајка Тереза” се поизвесно е дека нема да успее

Планот за спојување на Клинички во еден центар и со него да раководи само еден директор очигледно нема да успее. Министерот Фатмир Меџити октривајќи ја неговата желба, кажа и рок, дека до Нова година ќе го реализира планот. А за релизација на тоа му преостануваат уште само 40-тина дена.

Алфа неофицијално дознава дека барањето од Министерството за здравство за спојување на Клинички е повлечно од дневен ред на Влада. Од таму не добивме одговор дали оваа инфромација е точна. Ниту пак откриваат дали воопшто се дискутирало на оваа тема. И од здравство не ни одговорија, до каде е процесот.

Инаку, Меџити пред неколку месеци “фрли око” на “Мајка Тереза” каде што јавно вети дека до крајот на 2023 сака да го стави под своја лична контрола Клинички, и со тоа центарот да го управува еден човек со титула генерален директор.

Да, едвај чекам тоа да се случи. Нема да имаме загубари како заедничките служби од 20 милиони евра, а кои не знаат што работат. Тогаш ќе се знае точно што е се работи, ќе се штеди и ќе има поголема соработка меѓу клиниките. Не откривам топла вода, но тоа го имало и било добра работа. Политички притисоци не ме интересираат, изјави Фатмир  Меџити, министер за здравство.

Меџити уште стои на ставот дека ќе го реалзиира планот за спојување.

Работиме интензивно со сите засегнати страни и сега дали ќе биде после Нова година или ќе трае уште малку не би знаел точно да ви кажам бидејќи има правни процедури и одземаат на време и ги одлагаат овие рокови кои ние сакаме да ги поставиме да биде побргу, изјави министерот за здравство Фатмир Меџити.

Инаку, сегашните 60-тина медицински и организациски директори, како и управни одбори во секоја здравствена установа на Клинички или околу 200 функционери, граѓаните ги чинат околу 1 милион евра.

Освен ова ветување, останува и неисполнето за изградба на нов модерен клинички центар. Инаку министерот Филипче го раскина договорот за изградба на клиничкиот центар „Мајка тереза“ кој беше склучен од претходната власт. За раскинување на договорот државата треба да плати пенали од 8,5 милиони евра.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста