План за повисоки плати – реалност или само желба? Експерти критикуваат

  • Мора да размислуваме економски, а не политички, имаме евтина работна сила, а тоа не води кон просперитет. Зошто евтината работна сила да ја платат поскапо, кога има кој да ве замени како работник кој е лесно заменлив, и тоа е логична економска последица. Јас се обраќам кон домаќините во Република Македонија, ако се уште ги има – на клоци да ги избркаме оние кои не разбираат економија, на клоци и насилно, ако сакаме да имаме просперитет, но ако сакаме криминал – перфектни се, вели за Алфа економистот Зоран Витанов.

Остри реакции од економските експерти по веста дека државата ќе ја условува државната помош за странските инвеститори со продуктивноста и делењето повисоки плати. Новата стратегија која ја обелодени власта според економистите е погрешна во услови кога на Македонија хронично и се потребни инвеститори кои ќе отвораат работни места. Бизнисменот Зоран Витанов за Алфа вели ако не беа развојните зони, Македонија досега ќе банкротираше.

  • Да не беа тирзовите, Македонија до сега ќе беше банкротирана, по однос на ликвидноста. Тие беа моторот на економијата, а сега ситуацијата е без малку катастрофална. За 26% е опаднат нето приливот од физичкото население на гастрбејтерите кои праќаа пари во земјава, што беше основен компензаторски ефекет, за амортизирање на дефицитот. Сега тие и таа алатка ја немаат. Не ги интересира опстанокот на земјава, даодава Витанов.

Ваквата стратегија според експертите е опасна во период кога во државава речиси и да нема нови инвестиции. Пандемијата според него не е оправдание, туку неспособноста на власта да привлече нови инвестиции.

  • Сега власта се правда со ковидот. Во ковидот одредени гранки се во криза, но одредени во експанзија. Премиерот не лажеше дека на граница биле големи корпорации, за сетоа тоа да пропадне во вода, и да биде уште едно празно ветување. Сега се задолживме за 1 милијарда евра, и никој не знае каде заминаа тие. Тоа е погубно за една економија, додава Витанов.

За разлика од кај нас во соседството инвеститори има. На пример во Србија, која не е ниту членка на НАТО, среде пандемија се најавија повеќе странски проекти. 

Стратегијата за повисокио плат во зоните, следува по онаа на премиерот Заев, која ја вети уште пред да стане шеф на владата, дека просекот во Македонија на крајот од минатиот мандат ќе изнесува 500 евра. Реалноста и во неговиот втор премиерски мандат е поинаква. Македонија е на дното во Европа по висината на платите, а граѓаните на државава се и едни од најсиромашните.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста