Пикот ќе стигне, ама којзнае дали и респираторите?

Нова најава за респираторите што требаше веќе да бидат во земјава на крајот на мината недеала.Новото ветување е тековнава недела. И покрај ова, министерот Филипче убедува дека засега доста ни биле и оние респиратори кои ги имаме.

Две компании ги исполнија условите за да донесат респиратори за максимум 30 дена. При што едната компанија за шест респиратори имаше дадео рок од една недела и тој рок треба да истече оваа недела.Дополнителни дваесет за 30 дена, и втората компанија пет респиратори – значи вкупно 31. – кажа денеска министерот Венко Филипче.

 “Од девет економски оператори два ги задоволија усовите за рокот и критериумите. Еден дел од респираторите ќе стигнат за седум дена, а другите од вкупно 31 во текот на слeдните 30 дена и со ова значително ќе го подобриме моменталниот капацитет на ресираторните машини” – кажа Филипче на средина на месецот.

Ќе стигнат ли респираторите откако корона вирусот ќе помине ? Ако судиме според досегашните ветувања на министерот  Филипче, граѓаните сами можат да заклучат.

Драмата околу набавката на респиратори започна кон средината на март каде само за неколку дена Филипче даде неколку контрадикторни изјави.

Пикот на корона вирусот  пристигнува крајот на месецов барем според најавите на власта, ама којзнае дали и респираторите ? Една тура се чекаше да се одглави од депо во Турција што според вицепремиерот Османи ги купивме со норвешка донација, ама и од тоа се ретерираше. Како што рече Османи Турција си ги задржала за себе.

 

Ања Василева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста