Пикот ќе стигне, ама којзнае дали и респираторите, допрва и нови ќе се купуваат

Власта уверуваше дека во државата има повеќе од доволно апарати, но дури сега се бара начин како респираторите да се внесат во Македонија. Транспортот на апаратите за дишење станува проблем, како неопходните машини да стигнат во земјава, а и допрва ќе се купуваат нови.

Инфективната Клиника очекува во следниот период 2000 пациенти да се лекуваат таму, вели вицепремиеорт Бујар Османи, па клиниката има потреба од дополнителни апарати. 25 има заглавено во депо во Турција, Македонија ги купила, со сретства на амбасадата на Норвешка, а посредувала организација на Обединетите нации. Македонија ќе почека и на долгонајавуваните апарати од Кина.

30 допрва ќе купуваме и тоа со пари од првата транша од 4 милиони што вчера ни ја пушти ЕУ. Посредници за купување респиратори од Кина биле УНДП, сепак Македонија ќе треба да почека оти долг бил списокот на земји кои чекаат на апарати од оваа земја.

-Кина одговори позитивно за обезбедување респиратори, но бидејќи 100 земји исто така бараат респиратори, тие се обезбедуваат тековно, но како што се произведуваат, така ќе бидат достапни за нашите институции – меѓу другото изјави Османи.

Додека Македонија чека и во ек на пандемија бара начин како да обезбеди неопходни сретства и опрема земји од регионот но и од ЕУ, веќе добија помош во материјали но и од медицински тимови од Кина, Србија, Италија Унгарија, Грција се дел од нив. На врвот на листата на институции во земјава на кои им се неопходни сретства за заштита и апарати за работа се лекарите, полицијата, армијата. Остана неодговорено и зошто претседателот Пендаровски во ваква криза не го следи примерот на неговите колеги од регионот и од Европа, па макар и јавно да побара помош од кина. Наместо тоа на последното појавување тој само повика да почитуваме препораки и да седиме дома.

Катерина Гетева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста