Пике: Знаев дека Меси може да си замине по крајот на секоја сезона

Дефанзивецот на Барселона, Жерар Пике призна дека знаел за клаузулата во договоротна Лионел Меси што му овозможува да си замине по крајот на секоја сезона, како што соопшти вчера „Ел Паис“.

– Знаев дека Меси може да замине без трансфер сума по крајот на секоја сезона. Ние ја знаеме врската на Меси со Барса, затоа не сум загрижен за ништо. Тој си го заслужил правото да одлучува за својата иднина. Се надевам дека ќе остане во клубот додека не наполни 40 години, изјави Пике за „Кадена СЕР“.

Дефанзивецот зборуваше и за неуспехот на Нејмар да се врати на „Камп ноу“ ова лето.

– Тоа беше голема сага, но нормално е со оглед на тоа што претставува тој. Сепак, треба да ја затвориме оваа страница. Му посакувам се најдобро. Разговарав со него, се надевам дека ќе има многу добра сезона. Не се знае, секоја година има нова можност и ќе видиме што ќе се случи, додаде Пике.