ПЕТТИ ДЕН ПРОТЕСТИ ВО ПОЛСКА ПОРАДИ ЗАКОНОТ ЗА АБОРТУС

Активистки за женски права и неколку илјади нивни поддржувачи петти ден по ред протестираа ширум Полска поради заострување на веќе строгиот закон за абортус. На улиците во Варшава излегоа воглавно млади демонстранти и го блокираа собраќајот за време на најголемата гужва.
Полскиот Врховен суд минатата недела одлучи дека е неуставно да се прекине бременоста поради вродени оштетувања на фетусот, а со пресудата стриктно се забранува речиси сите абортуси во Полска.
Одлуката на судот се уште не стапи во сила, бидејќи сè уште не е официјално објавена.
Невладината организација „Федерација на жени и планирање на семејството“ соопшти дека годишно во Полска се извршуваатод од 100.000 до 150.000 абортуси, од кои дел илегално, а некои во странство.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста