Петта година Југохром со згаснати печки,најави за отворање засега нема,општина Јегуновце полека се исселува

Петта година сеуште не се најде решение за комбинатот Југохром од Јегуновце.Фабриката ги изгасна печките во ноември 2016 година.За повторно да проработи, треба да се изгради системот  за отпрашување,односно да се постават филтри. Неработењето на комбинатот се одразува и на животот во околните села.Улиците се празни, младите се повеќе се исселуваат,оти нема работа.Само повторното отворање на Југохром,може да го заживее овој крај,велат мештаните.

Раде Живковски од Јегуновце целиот работен век го поминал во Југохром.Се сеќава колку биле живи селата и колку многу семејства егзистирале од фабриката.Жали што сега не работи и што сеуште не е најден начин повторно да се отвори. Со 38 години стаж , тврди дека комбинатот не загадувал толку, за да биуде затворен.

Се обидовме да добиеме став и од раководството-каде запера работите со поставувањето на филтри,што е услов фабриката да проработи, и кои се плановите за иднина.Само кратко ни рекоа, дека нема ништо ново,ниту најава, дека во скоро време, печките повторно ќе се запалат.

Милена Вучевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста