Петрушевски: Провокациите и насилството се алатки на Левица за да биде видлива
На вчерашното гостување на 24 Телевизија во емисијата „Анализа 24” присуствуваше пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски кој се осврна на новоизбраното раководство на СДСМ и го образложи назначувањето на новата заменик претседателка на СДСМ, Фани Каранфилова Пановска.
-Ако се погледне изворот на нивното централно раководство таму се сите личности коишто изминатиов период биле носители на високи функции на владите на СДСМ што довело до најголемиот историски дебакл на СДСМ со најслаб резултат и логично да се претпостави дека таквите луѓе не можат да донесат ништо ново во СДСМ. И од втора перспектива премиерот секогаш зборува за обединување и за конструктивна опозиција така што колку и да е од партиска гледна точка, како ВМРО-ДПМНЕ ни одговара едно вакво СДСМ, слабо СДСМ без идејно сепак тоа не е добро за државата и од таа перспектива и премиерот Мицкоски е разочаран што во СДСМ не може да препознаеме достоен соработник за претстојните предизвици низ коишто треба да помине Република Македонија, рече Петрушевски.
Во врска со инцидентот којшто се случи во Собранието помеѓу пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Левица Петрушевски објасни:
-Оваа ситуација се случува за прв пат затоа што за прв пат ја имаме оваа алатка за опозициски прашања и веднаш ја антиципираме она што Левица нонстоп сака да го прави а тоа е театар и циркус во Собранието затоа што токму Крмов е потписник на едно писмо за најава на поставување на пратенички прашања односно согласно деловникот секоја пратеничка група од опозиција до претседателот најавува кој пратеник ќе постави прашање и кому тоа прашање ќе биде упатено со цел да може да се обезбеди присуство на тие министри кон кои се поставуваат прашањата, објасни Петрушевски.
Петрушевски го објасни процесот за поставување прашања и нагласи дека суштината и целта на Левица била секогаш интриги и позадина, а никогаш суштина.
-Што направи Левица како и секогаш интриги и позадина никогаш суштина најпрво го сменија редоследот на оние коишто требаше да поставуваат. Процедурално излезе нашиот координатор за да укаже дека е во ред тука е премиерот ќе одговори на ова ваше прашање меѓутоа за во иднина да воспоставиме принципи врз коишто ќе работиме ако е најавено прашање до одреден функционер да го поставуваме тоа прашање а не да поставуваме кон други. Ако се поминеше ова така, неприметно ќе се воспостави пракса во којашто тие утре ќе поставуваат прашања до еден министер а ќе излегуваат и ќе поставуваат прашања до друг министер којшто нема да е моментално во салата па ќе правеа циркуси, тензии. Провокациите, насилството се единствен начин на Левица да биде видлива, од нив конструктивен предлог или идеја за некаков проблем да се реши не може да најде, рече Петрушевски.