Петров: Синдикалната администрација на работници во општина Гази Баба алармира, нашите колеги се неправедно обвинети во случајот „ТНТ“

Дел од  вработените  во општинската администрација во општина Гази Баба, денеска со мирен протест изразија поддршка кон колегите вработени во општината , кои како што велат ,  се неправедно обвинети во случајот  „ТНТ“ .

– Сите ние кои што сме вработени во општинската администрација сме членови на разни комисии и вршиме секакви обврски и задолженија дадени од нашите претпоставени. Згрозени и загрижени сме од правната држава кон нашите колеги, а воедно потсетуваме дека државата треба да се грижи за спроведување на Уставот на Македонија во кој јасно стои дека секој е невин додека не се докаже спротивното со правосилна судска пресуда, изјави Добри Петров од Синдикалната организација на работници на општина Гази Баба.

Апелираат  до надлежните институции  да не се дозволи воведување на правни преседани и бараат права за нивните колеги иста како на сите во државава.

 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста