Петков оптимист, Ковачевски молчи, ВМРО ДПМНЕ бара одговори што прифати Комисијата

Бугарскиот премиер Кирил Петков кој прв излезе со тврдење дека работата во мешовитата комисија е завршена околу историска личност за која досега било тешко да се преговара, сега наметнува нова дилема. Во изјава за 24часа, Петков потенцира дека требало да се преиспита дали интересот на Бугарија бил да дозволи интеграција на Македонија во големото европско семејство или да сме останеле изолирана држава.

„Според мене, тоа се важни прашања и треба да се решат да размислиме, особено кога има јасна тенденција дека некој работи против тоа – дали навистина е во интерес на Бугарија Македонија да се оддалечи од членството, што е интерес на Русија, на пример, која не сака да го види цел Балкан стабилен и во Европа“, вели Петков.

ВМРО-ДПМНЕ бара од владините преговарачи да ја запознаат опозицијата, собранието и јавноста со поентите од разговорите.Предупредуваат дека власта е подготвена за национално предавство, па бараат одговори за како што велат радоста на бугарските историчари и отстапките кои ги направила македонската страна.

А по неколкудневен молк конечно се огласи и македонскиот премиер Димитар Ковачевски. Но не за да даде конкретен одговор на што се радуваат Бугарите околу напредокот во историската комисија и отстапките кои сме ги направиле туку за да и одговори на опозицијата за нивните обвинувања дека власта прави национално предавство и погазување на национални црвени линии.

А од завршена работа околу припадноста на Цар Самоил како што тврдеа бугарските власти, состанокот на историчарите заврши без никакви објаснувања и само со едно штуро соопштение за констатиран напредок. Ниту првиот човек на комисијата од македонска страна Драги Ѓорѓиев ниту пак некој од владата не излезе со информација што е договорено со бугарските историчари. Разговорите продолжуваат во Софија во мај.

Ивана Соколовиќ Најдова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста