Петков ја потврди Јотова – ветото за Македонија останува

Нема да го тргнеме ветото, туку ќе го поместиме – бугарскиот премиер Кирил Петков повторно со закана до Скопје дека нема да ја кренат рампата за македонските интеграции до Самитот во јуни. Во изјава за бугарската телевизија Нова, Петков вели дека имале 10 години додека Македонија стане дел од европското семејство, а во тој период тие да притискаат да бидат исполнети сите нивни барања   ,но не заборави да истакне дека правата на Бугарите во Македонија останува клучен предуслов за напредок во преговорите.

– Ние не треба просто да го дигнеме ветото, туку да го преместиме. Промената на Уставот во Македонија мора да се случи пред првото поглавје и треба да ги ставиме на колосек за Европа, но критериумите што треба да ги исполнат мора јасно да бидат поставени од нас. Ѝ даваме пат на Македонија кон Европа, но овој пат е поплочен со барања и обврски, јасно врамени и кои ги користи цела Европа за да обезбеди напредок што сите сакаме да се случи таму.– изјави бугарскиот премиер во интервјуто за бугарската Нова ТВ.

Бугарската потпретседателка Илијана Јотова на иста линија со Петков, најавува дека немаа да го кренат ветото оти Македонија требало да исполни пет услови кои биле поставени уште со потпишувањето на Договорот за добрососедство, но не само вметнувањето на Бугарите во Уставот, туку и менувањето на историските факти во учебниците.

-Бугарија има четири, пет услови кон Република Македонија, кои се поставени многу одамна, уште од моментот во 2019 година кога стана јасно дека после потпишувањето на Договорот за добрососедство ништо не мрднало. После осумнаесет седници на Мешовитата историска комисија ниту еден ред не е сменет во текстовите во училиштата во Република Македонија, вели Јотова.

Но иако бугарските власти притискаат Македонија да го отвори Уставот и со тоа Бугарите да станат државотворен народ како еден од условите кои ги испорачуваат, официјална Софија потврди дека тоа нема да биде гаранција дека ќе биде тргнато бугарското вето.

Ивана Соколовиќ Најдова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста