Петгодишно девојче од Русија поминало четири дена во шума (Фото+Видео)

Петгодишно девојче од Русија било спасено0 откако се изгубило во шума и таму поминало четири дена . Зарина Авгонова се изгубила во руската тајга кога тргнала да ја придружува бабата, која отишла да собира печурки.

Спасувачите се плашеле дека Зарина се удавила бидејќи шумите во областа Нижни Новгород имаат длабоки ровови и брзи реки.

Кучињата не можеле да го намирисаат девојчето, но спасувачите имале среќа да ги видат нејзините траги на земјата.

На едно место нејзините траги се прекрстувале со стапала на мечка, па спасувачите претпоставувале дека најверојатно девојчето го нападнала мечка. Тие ги повикале вооружените ловци да ги држат мечките и волците во шумата подалеку.

Била организирана масовна потрага по девојчето, а биле поведени и жени затоа што Зарина – како што рекле нејзините членови на семејството – се плашела од машки гласови.

На четвртата ноќ од потрагата, спасувачите успеале да ги следат нејзините стапки и наскоро во еден куп гранки го виделе исплашеното девојче.


Зарина била исцрпена и дехидрирана, па веднаш јадела храна што спасувачката екипа ја понела со себе.

„Нејзиниот глас беше толку слаб што мислевме дека е птица“, рекол волонтерот Алексеј Макаров за „Комсомолскаја Правда“.
„Ние наредивме сите да молчат и ја замоливме Светлана, девојката што беше со нас, да ја повика Зарина. Светлана ја повика, а Зарина одговори ‘еве јас сум’.Ние се движевме кон гласот. И тресејќи се како столб, таа беше изгребана, и со модринки. Нејзината кошула беше мокра. Ја прашав ‘дали се плашиш’ а таа рече ‘не’. Потоа ја прашав ‘што ти треба’, а таа ми рече ‘торта и малку вода’, рекло девојчето.

Зарината била пронајдена на околу километар и половина од нејзиното село Степановка. Девојчето од шумата со хелихоптер била пренесена во болница.