Пет смртни случаи за 24 часа во Тетово, Заев не гледа причина за карантин

Состојбата со коронавирусот во Тетово никако не се смирува.Бројките на хоспитализирани и заразени постојано одат нагоре.Нови 14 приеми има последното деноноќие во тетовската клиничка болница и пет починати пациенти.Не се намалуваат ниту амбулантските прегледи,кои вчера ги имало повеќе од 200, а токму тие укажуваат дека ќе има уште повеќе заразени.Ништо подобра не е состојбата ниту во Гостивар.И таму болницата е полна,а бројот на новозаразени секојдневно е висок.Додека овие два градови минуваат низ најтешкиот период од пандемијата, нејасно е како Премиерот Заев заклучил дека епидемиолошката состојба била стабилна,а бројките се стабилизирале. Тој претпладнето изјави дека немало потреба од други мерки,оти вирусот слабеел, а граѓаните биле повнимателни.

Не би сакал да зборувам подетално за епидемиолошката ситуација,  но јас како премиер  можам да кажам дека добро е што бројките се стабилизрат во двата града. Во Тетово и Гостивар сега иама урамнување на бројот.  Нема дискусја за специјални каратни и заклучување,  бројките сега се стабилизираат се надевам дека ќе се намалaт, кажа Заев.

Лекарите од тетовско-гостиварскиот регион пак,повеќе пати бараа воведување на построги мерки, па дури и карантин,за да се смири динамиката на ширење на вирусот.Но, надлежните упорно тврдат дека се било под контрола и немало потреба од рестрикции.Сеуште е неизвесен и почетокот на учебната година во Тетово.Има најави дека е можно да се одложи,но,на само пет дена до стартот,ништо конкретно не е одлучено.

Милена Вучевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста