Пет штипски текстилни компании заедно со општината прават стратегија за промоција на македонската облека

Пет штипски текстилни компании заедно со општината прават стратегија за промоција на македонската облека

Пет штипски текстилни компании заедно со Универзитетот и Oпштината кројат стратегија како дизајнот и квалитетот на  македонската облека, успешно се промовира на домашниот и европски пазар. Кон крајот на месецотот во Штип ,започнуват Денови на модата, чија единствена цел е  да се реинкарнира облеката изработена во Македонија.

Всушност и самиот слога на настанот  е реинкарнација, бидејќи општината има потреба од реинкарнирање на текстилната индустрија со која ќе се зајакне локалната економија , па затоа оваа година ги вклучуваме поголемите текстилни компании„ изјави Вишна Шорова-Ангелова, од Општина Штип.

Создавањето на сопствен македонски бренд којшто успешно ќе се етаблира на европскиот пазар, е сериозен залак за домашните конфекции. Статистички, само 8% од вкупниот број на работници во текстилната индустрија, се вклучени во изработката на домашен бренд, останатите се во лон производството за извоз. Овој податок сам по себе укажува дека  шиењето на облека со етикети „направени во Македонија„ е минимален. Потребна е помош од државата и создавање на услови за развивање, посочуваат од Организацијата на работодавачи.

Од турското искуство, преставници на турскиот Кластер за текстил, она што тие го кажуваа, односно она што го направиле во поглед на брендовите, никогаш немало да успеат ако не добиле помош од државата. Производството на сопствен бренд е многу поскапа работа, бара многу финансии, бидејќи сами набавуват репроматрејали и помошни матрејали без разлика дали тоа е Кина или Европа, мора да го финансираш времето за производство и времето на наплата и тогаш се потребни во најдобар случај 90 дена за исплата на стоката„ изјави Ангел Димтров, од Организацијата на работодавачи. .

Европските искуства говорат дека за стимулирање на производството на сопствен бренд, одредени држави  воведуваат мерки и поволности. Една од нив е и ослободување од царина. Според  конфекционерите, создавањето на сопствени брендови кои ќе понудат дизајн и квалитет е еден од начините за да се зачуват работните места во текстилната гранка. 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста