Пет починати од корона вирус во Тетово во последното деноноќие

Епидемиолошката состојба во Тетово никако не се смирува.Веќе цел месец константно високи бројки.И последното деноноќие имало нови 16 приеми и пет починати пациенти, меѓу кои и жена на 39 години.Помладата генерација е најмногу на удар на четвртиот бран.Ако предходно битката со вирусот ја губеа пациенти претежно над 60-70 годишна возраст, овој бран,вирусот е кобен за помладите.Народот мора да се свесне ,алармираат лекарите,оти ќе има се повеќе починати.

И амбуланстките прегледи постојано се движат кон 200 за едно деноноќие,што укажува дека ќе има нови хоспитализации.Во моментот во болница се лекуваат 124 пациенти, речиси сите со потешка клиничка слика и на кислородна поддршка.Персоналот е веќе исцрпен.Мора велат да се размислува за нови мерки,оти очигледно од сегашните, нема никаков ефект.

Милена Вучевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста