Пет мртви во заложничка криза во Јужна Африка, заробени 200 луѓе

Во Јоханесбург во заложничка криза во една црква петмина се убиени, а повеќе од 200 се заробени.
Информацијата денеска ја соопшти локалната полиција, пренесува Ројтерс.
Полицијата соопшти дека во раните утрински часови добила пријава за ситуација со заложници во црква и дека биле слушнати пукотници.