Пет месеци молк за случајот извиднички камп со секс тематика

Пет месеци ниту збор за извидничкиот камп каде  16-годишни ученици  сведочеле и глумеле секс пози,  а биле наведувани и на игри и активности со сексуална содржина. Обвинителството се уште ги чешла телефонските комуникации што ги добиле од телефон што го одземале во предистражната постапка.

Во предметот интензивно се преземаат дејствија во рамките на предистражна постапка, чија цел е да се утврдат фактите и да се проверат наводите изнесени во јавноста. Од одземениот мобилен телефон се екстрахирани определени податоци и во моментов се врши прегледување и анализа со цел да се утврди дали во нив се содржани записи поврзани со спроведувањето на извидничкиот камп. Се преземаат и други дејствија за расчистување на настанот, а по целосно утврдување на фактичката состојба ќе биде донесена јавнообвинителска одлука велат од Обвинителството за Алфа.

За спорните активности кои ги правеле малолетниците на настанот обвинети беа организаторите на Првиот скопски извиднички камп. Родителите јавно зборуваа за ова, но пријава не беше поднесена до никој.  Уште тогаш се алармираше дека можеби е потребна кривична одговорност за организаторите.

Дали излегло од контрола или било по план и програма треба Јавното обвинителство да истражи. Ако треба и кривична одговорност да се побара. Нема амнестирање од одговорноста ако ова се случило рече тогаш ДРАГИ ЗМИЈАНАЦ- претседател на Меѓаши.

Уште подраматично во целиот случај беше и финансирањето на кампот со пари од граѓаните. Тогашниот градоначалник Шилегов потврди дека од буџетот биле одвоени пари за настанот, ама не знаеле дека кампот е организаран од тие причини бидејќи не било наведено во апликацијата.

Случајот предизвика бура од реакции кај јавноста, па дека ќе се истражува целиот случај најави и Народниот правобранител, кој отвори предмет по своја иницијатива, без да добие претставка. Но до каде е истрагата кај Омбудсманот засега нема информација.

Од првиот скопски извиднички одред пак тогаш се правдаа дека биле погрешно сфатени. Тие велат настанот воопшто не бил именувам „Секс, извидници и рокерол“, туку „Есенски бакнежи и прегратки 2021“.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста