Пет мажи и една жена – тоа е родовата еднаквост на СДСМ

Петорица мажи и само една жена носител на листа – ова ли е родовата еднаквост што СДСМ веќе два месеци ја најавува.  Заев најави тандем носители од маж и жена за овие избори, но македонското законодавство не познава таков термин каде двајца можат да бидат носители на листи. Доколку Заев навистина сакал еднаква родова застапеност, останува отворено прашањето зошто не се носителите на листи 50 – 50. Односно 3 жени носители и 3ца мажи носители.

Како што најавивме, СДСМ започнува нова пракса со тандем на носители во сите изборни единици, маж и жена за целосна родова еднаквост, кажа вчера Заев.

За приказната за еднаква родова застапеност се огласи и Куновска која своевремено беше силен подржувач на социјал-демократите.

Од носители на листи во коалицијата на СДСМ, 5 мажи и 1 жена. Толку од приказната за еднаква застапеност на половите, пишува Куновска на „Фејсбук“.

По објавувањето на листите вчера во СДСМ врие. Понуди ли нешто ново Заев на овие изборни листи? Исти имиња на носители  со исклучок на Никола Димитров.  Предводниците на листите се речиси исти како на избори во 2016тата година кога партијата на Заев изгуби.

Она што е најверојатно е причина за револтот кај функционерите на СДСМ е тоа што на листите на добитни места се ставени голем дел од коалиционите партнери, а места воопшто на листите не добија истакнати членови на партијата како Кирацовски, Локвенец, Филипче, Китев. Но високи места добија Панчо Минов која беше дел од коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ, а и Зекир Рамчиловиќ кој е еден од групата отфрлени пратеници на опозицијата.

Во овие изборни листи ги нема ни шарените, името на пратеничката  Ивана Туфегџиќ го нема на листите, а откако Богоевски си даде оставка, по се изгледа Шарените извисија и нема да имаат ниеден претставник во собранието.

Иако вчера на свечен и помпезен начин беа промовирани лисите сепак тие не се конечни, ќе се чека пополнување на местата со имињата на коалционите партнери.

Мери Ѓорѓиевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста