Пет лекари од Клиника за кожни болести, заразени со Ковид 19

Пет лекари од кожната клиника се меѓу 29 позитивни на Kовид 19. Лекарите биле во самоизолација, без симптоми, но тестовите покажале дека се позитивни на вирусот. Вработените во кожната клиника од 9 март се во самизолација, откако кај тогашната директорка на Клиниката беше детектиран вирусот. Како што информираа здравствените власти, на некои од нив, првите тетсови им биле негативни, но вториот тест излегол позитивен на корона.

Поранешната директорка пак, се уште е на лекување, во меѓувреме и се заканува и кривична пријава, за што МВР на 19 март го извести обвинителството. Од јавното обвинителство за Алфа велат дека предметот за конкретниот случај е оформен, но од полицијата и од министертсвото за здравство треба да добијат дополнителни информации за новозаболените поврзани со нивната поранешна шефица.

Нина Цаца Билјановска на 29 февруари се вратила од Италија, земја која СЗО ја стави во групата високоризични за ширење на корона вирусот, не останала дома туку одела на работа во Клиниката за кожни болести, а била и на симпозиум во еден скопски ресторан, а со тоа ги прекршила препораките на Владата.

МВР побара обвинителството да ја гони кривично по член 205 и 206 од Кривичниот законик. Одлуката на Цаца да не седи дома, стави клуч на врата на цела Кожна клиника, а во изолација беа ставени сите лекари и целиот медицински персонал, кој имал и немал контакт со неа. Лекарската комора не и ја одзема лиценцата на Билјановска, туку јавно ја опомена, а таа беше разрешена од челната позиција на Клиниката.

Катерина Гетева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста