Песимистички прогнози: Македонската економија ќе продолжи да паѓа без ефикасни мерки

Песимистички прогнози за македонската економија по депримирачката порака од ММФ кој ни проектира пад од 5,4% годинава. Монетарците се загрижени многу повеќе од власта, па предупредуваат дека состојбите ќе бидат полоши од владината проекција. Дел од експертската јавност предупредува дека ако не се реагира ефикасно и конкретно да му се помогна на стопанството, резултатите ќе бидат и полоши.  

Падот од 5,4% за македонската економија годинава како што предвидува ММФ е очекуван, но тешко дека ќе биде и конечен предупредуваат експертите. Дел од нив се песимисти, посебно доколку и натаму продолжи стагнирањето на приватниот сектор. Универзитеткиот професор Зоран Ивановски, смета дека ваквата лоша проекција главно е резултат на, но и на слабиот третман на државата кон стопанството.

  • Мора да кажеме дека ова е само проекција за нас. Економијата на земјава во текот на оваа година ќе забележи пад од 5,4 отсто како резултат на последиците од пандемијата од Ковид-19, но иако во извештајот се вели дека во текот на 2021 година ќе следи раст на БДП мислам дека тоа сепак нема да дојде, вели за Алфа универзитетскиот професор, Зоран Ивановски.

Проекцијата на ММФ е полош аод онаа на Владата која очекува годинава да бидеме во минус од околу 4%. Надежите дека наредната година би следело закрепнување не буди оптимизам и кај експертите

  • Треба сериозно да се размисли за предлог мерки како да се мотивираат домашните инвеситори, да вложуваат, како да се анагажираат во овој момент, мора да им се помогне. Сметам дека сега нее доволна само јавната потрошувачка, туку мора многу повеќе, додава Ивановски.

Дополнително што депримира е состојбата и во регионот, каде исто така има сериозни проблеми. Оттука според експертите е потребна голема будност но и ефикасна активмност:

  • Според извештајот на ММФ, најголем пад на економијата ќе забележи црногорската економија чијшто БДП ќе се намали за високи 12 проценти. Висок пад на бруто домашниот производ од 9 проценти ќе забележи и хрватската економија, додека ММФ прогнозира дека БДП на Албанија и Косово ќе се намали за 7,5 проценти, на БиХ за 6,5 проценти, за Северна Македонија за 5,4 проценти, а најмал пад на БДП ќе забележи српската економија од само 2,5 проценти, појаснува Иванов.

Во кризата, досега во Македонија над 40.000 луѓе сотанаа без работа. Светските рејтинг агенции предвидуваат дека бројот на отпуштени работници ќе расте, а  сиромашните ќе станат уште посиромашни. Затоа бараат државите да  помогнат и со своите фискални политики да издејствуваат работните места да се задржат.

Кај нас дополнителен проблем е инфлацијата, која наспроти првичните проекци, сепак ќе ни се случи годинава. Според проекциите на Народната банка таа ќе изнесува 0,9% годинава.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста