Пештанци повторно пред Градиште – обвинуваат за голема игра во која се вклучени моќници

Пештанци ги радикализираат протестите,повторно блокирајќи го влезот во Градиште,тие овојпат обелоденија нови докази,кои откриваат кој стои зад узурпацијата на атрактивните локации во автокампот. Од здружението на граѓани “ Оревче “ кои 22 години водат битка за да си ги добијат денационализираните имоти, во вкупна вредност од над 20 милиони евра,тврдат дека корисникот на автокампот не поседува  документ од надлежен орган за користење на поседите со вкупна површина од 150.000 метри квадратни. Иако како што тврдат, имаат најмалку по 4 пресуди од Управен суд во нивна корист, тие сепак не можат да си го добијат имотите.

Доколку пресудите се извршни и задолжителни и внатре стои дека корисникот на Градиште е узурпатор, зошто институциите не превзеле соодветни правни мерки да го отстранат узурпаторот од нашето земјиште ? За А.Д. “Инекс Горица” ,ова е нивната одлука на која што се повикуваат дека се корисници на имот.Оваа одлука е донесена на 16 јуни 1997-ма година и тоа е одлука на Влада, меѓуоа тука не стојат катастарските парцели од Градиште-рече Адријана Башоска- Здружение на граѓани “ Оревче “.

-Ако законот за денационализација е донесен во 1997-ма, а стапи на сила во ’98-ма година, како е можно фирма која што е регистрирана во 2006-та со недефинирана сопственост да биде корисник на Градиште ? Узурпаторот го стопанисува Градиште незаконски 24 години,нo никој не превзема ништо,вели Башоска.

Се знае како треба институциите да постапуваат со узурпатори, меѓутоа зошто и до сега не го остраниле узурпаторот од Градиште ? Некои од институциите,односно поединци од институциите се обидуваат овој атрактивен имот да ни го одземат нас и да му ги поклонат на узурпаторот-вели Адријана Башоска- Здружение на граѓани “ Оревче “.

Бараме узурпаторот да се отстрани веднаш,сите пресуди се на  наша страна-рече Александар Гугоски- Здружение на граѓани “ Оревче “.

Пештанци,многу смело зборуваат дека во аферата Градиште се вмешани инспектори, државни службеници,судии.

Од Фирмата МКМ Нова Трејд која се јавува како закупец на авокампот тврдат декастопанисуваат со истиот врз основа на уредно склучен договор со закуподавецот ИНЕКС Горица АД Охрид и дека ги поседува сите одобренија и дозволи од надлежните инститиции.

Немаме ништо заедничко со барањата за враќање на имотите од страна на поранешните сопственици и ниту на било кој друг начин можеме да влијаеме на таа постапка,затоа ги упатуваме проболемот да го решаваат низ институциите на системот –се вели во соопштението од МКМ Нова Трејд, од каде на пешатанци им се закануваат со пријави поради тоа што со протестите им се нанесувало  значителна репутациска и материјална штета.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста