Пешевски и Миновски официјално не се советници на Битиќи, но сепак и давале совети на власта

Поранешниот вицепремиер за економски прашања од ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Пешевски, и екс министерот за финансии Кирил Миновски, сепак биле дел од советничкиот тим на актуелната власт, открива првичниот владин записник. 

Интересно, иако и самиот Фатмир Битиќи во вчерашно интервју индиректно потврди дека тие се членови на оваа платформа, двајцата денеска експресно „испарија“ од објавената листа која преку Фејсбук, вицепремиерот ја пласираше во јавноста. Со тоа во јавноста се отвори дилема дали Владата  практично манипулира, односно изнесува лажни информации во врска со луѓето кои се нафатиле да нудат совети на власта. Биткиќи денеска објаснува дека никој не е професионално ангажиран ниту пак зема надомест за својата советничка улога.

  • Ова неформално тело, платформа за дискусија со луѓе кои можат да дадат мислење, совет или експертиза за да дојдеме до поквалитетни предлози и политики. Тие не се професионално ангажирани како советници во мојот кабинет или во Владата, ниту нивните мислења се обврзувачки за Владата ниту пак ќе примаат каков било надомест, вели Битиќи.

Кирил Миновски, екс-министерот за финансии, во владата на Никола Груевски, за Алфа демантираше дека е му е советник на актулениот министер.

Сепак, во списокот на соевтници што го објави денеска министери Битиќи стојат имињата на Веле Самак, екс-министер за странски инвестиции во владата на ВМРО-ДПМНЕ и Виктор Мизо, кој во тоа време беше прв човек на ТИРЗ и еден од луѓето на Груевски. На списокот стојат и уште, Никола Поповски (поранешниот министер за финансии во Владата на СДСМ), Игор Ивановски, Ванчо Узунов, Дарко Лазаров од ВМРО-ДПМНЕ. Битиќи најави дека „За татковината со љубов“ е советодавно експертско тело, а таму се вклучени и професорите Марјан и Благица Петрески, Никица Мојсовска, Олимпија Христова-Заевска и Горан Рафајловски.

Инаку, јавноста бесно изреагира откако синоќа битиќи индиректно призна дека пешевски и миновски се ангажирани како негови советници.

  • Тенденција ни е да ги вклучиме сите заинтересирани релевантни експерти за поединечни теми на интерес и верувам дека ќе се проширува значително во иднина. Сите кои сакаат да помогнат се добредојдени. Токму разноликоста на оваа платформа, од повеќе аспекти, е значајна бидејќи таа ќе продуцира инклузивни насоки кои ќе бидат конструктивно анализирани од повеќе агли, се со крајна цел да произведат патека за нашата економија која ќе биде долгорочно кохерентна и конзистентна. Мојата врата е и останува отворена за сите професионалци и експерти кои што сакаат да се вклучат и да помагаат во интерес на граѓаните, порачува Битиќи.

На ова регаираше и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој рече дека иако власта велела дека претходната власт била режим, сега пола од нив биле во новата Влада. Тој додаде дека не верува во иницијативата на Битиќи зашто неговото однесување во минатиот период не била во насока дека ја сака татковината, туку напротив.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста