Пешак во Скопје тешко повреден во сообраќајна незгода

На 17.08.2020 во 09.45 часот било пријавено дека во Скопје на ул.„23 Октомври“, пред крстосницата со бул.„Кузман Јосифовски Питу“, патничко возило „опел корса“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Ж.М.(67) од Скопје, удрило во пешакот П.Ч.(85) од Скопје. Во незгодата П.Ч. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста