Пешак се здоби со тешки телесни повреди откако беше прегазен на крстосница во Скопје

На 05.08.2020 во 11.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од бул.„Климент Охридски“ со ул.„Кирил и Методиј“ во Скопје, патничко возило „фиат“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.С.(58) од Скопје, удрило во пешак С.Р.(71) од Скопје. Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде бил пренесен за укажување на лекарска помош. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста