Пешак повреден во сообраќајна незгода кај клучката кај Смилковци

На 24.09.2020 околу 09.00 часот на скопската oбиколница, кај клучка Смилковци, товарно возило „фиат дукато“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.М.(59) од с.Петровец, скопско, удрило во пешак Д.М.(59) од истото село. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Д.М., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде бил пренесен за укажување на лекарска помош. Увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Скопје.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста