Перински: И во заштита на здравјето за власта не се сите исти

И во заштита на здравјето за власта не се сите исти. Двојните аршини покажуваат дека сите не се еднакви, и во состојба со корона едни се пред други, напиша Перински од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој додаде дека Општина Арачиново има 21 активен случај со корона, а од Владата општината доби половина милион евра,средства за справување со короната додека Општина Аеродром има 1 436 активни случај со корона, а ниту денар за справување со корона.

„Ама затоа за градоначалникот Марин приоритет беше набавка на лампиони, озвучување и бини кои нема да се користат, а за Владата-Арачиново, пред на пример прочистувањето на воздухот на територија на Скопје…Не велам дека жителите на Арачиново не треба да добијат помош, но ваквата политика сведочи за тоа дека едните се пред другите. Почитувани граѓани на Аеродром треба да знаете дека за Владата и градоначалникот Марин вашето здравје не е приоритет.” – потенцираше Перински

Поврзани вести