Перински е новиот прв човек на ЈП Водовод

Златко Перински е новиот директор на јавното градско претпријатие Водовод и канализации. Тој има богато менаџерско искуство од приватниот сектор. Водел успешни компании во 7 различни држави, управувал со застапништво на германска и грчка компанија. Триесет и осум годишниот Перински и е познат на јавноста како поранешен директор на Спортскиот Центар Борис Трајковски за чие директорување се изврши ребрендирање, но и силен инвестициски циклус при што беа постигнати солидни економски резултати. Тој е магистер по менаџмент за човечки ресурси.

Advertisements