Пендаровски зачуден од пресудата на Вељаноски: Тоа не е терорстички напад

Трајко Велјановски би можел да одговара за прекршување на собранискиот деловник, но не и за тероризам, ваква порака на денешниот брифинг со новинарите, испрати претседателот на Македонија Стево Пендаровски. Тој вели не му е јасно за што поранешниот собраниски спикер, добил 6 и пол години затвор. Порача дека сега случајот е во рацете на Апелација, која ќе треба да оцени дали има доволна основа за казните. Според Пендаровски нелогично било организаторите да добијат 6 години, а оние кои биле осудени за упадот, да добијат драконски казни од дури 18 години затвор.

-Ако е точно дека главниот аргумент е дека водењето на седницата е спротивно на деловник, тогаш тоа евентуално би било неделовничко работење, а не организирање на терористички напад, кажа Пендаровски.

На брифингот Пендаровски се осврна и на прославата на втори август, потенцирајќи дека ги поканил сите лидери на парламентарните партии на заедничка средба за помирување, а досега потврда за присуство добил само од Зоран Заев и Али Ахмети.

-Сакаме да дадеме мал пример за обединување, кажа Пендаровски.

Пендаровски кажа и дека нема да го потпише Изборниот законик ако биде изгласан по предлог текстот кој во моментов е во собраниска процедура. Според него, најспорен е членот кој предвидува да мора да се соберат 2 проценти од потписите на гласачите во една општина за кандидирање независна листа. Вели нема логика да се потребни 10.000 потписи за кандидирање претседател на држава, а исто толку да треба и за советници во град Скопје.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста