Пендаровски: Слободата на медиумите е темел на демократијата во државата

Образованието и медиумската писменот се најважните средства во борбата против дезинформациите, смета претседателот Пендаровски.

Тој на денешната панел дискусија посветена на борбата против дезинформациите на која присуствуваа истражувачки новинари од различни земји, истакна дека слободата на говорот е темел на демократијата, и дека таа слобода треба да овозможи дебата на клучни теми во кои слободно ќе се истакнуваат различните мислења.

„За да биде ефикасна борбата против лажните вести и дезинформациите потребни се здружени напори, ефективна соработка на државните институции со граѓанскиот сектор, со медиумите, со образованието и со бизнисите кај кои ќе се поттикнува и користење на најдобрите практики и соработка со партнери од странство“, изјави Стево Пендаровски-Претседател на РМ.

На панел дискусијата се обрати и Амбасадорката на САД Кејт Брнс која порача дека пред да се објави мора да се провери.

„Пораките на социјалните мрежи треба да се објавуваат по принципот мисли пред да кликнеш и провери пред да споделиш, сведоци сме виле на случаеви во кои фактите се точни, но ако пребараш на „google“ тие се различни“, изјави Кејт Брнс -Амбасадорката на САД.

Инаку, одредени истражувања покажале дека граѓаните при политичко информирање најмногу се информираат преку телевизијата, а најмалку од печатените медиуми.

Додека пак истражувањето на еден од присутните истражувачки новинари покажало дека дури 70 држави се служеле со дезинформации во предизборени кампањи.

Симона Србиноска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста