Пендаровски: Секој 26 јули се сеќаваме на земјотресот кој однесе над 1.000 животи

Претседателот на државата, Стево Пендаровски утрово на својот Фејсбук профил, се потсети на катастрофалниот земјотрес што го погоди Скопје на 26 јули 1963 година.

“Секој 26 јули се сеќаваме на кобното утро во 1963 кога силниот земјотрес ги однесе животите на над 1000 наши сограѓани, илјадници беа повредени, а многумина ги изгубија своите домови. Се сеќаваме и на солидарноста и помошта која пристигна од целиот свет. Во тешките денови кога се справуваме со пандемијата на КОВИД-19 да се потсетиме дека солидарноста и заедништвото ни се потребни за да ја надминеме секоја тешкотија со која како општество ќе се соочиме”

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста