Пендаровски приреди прием во чест на Јордан Плевнеш, добитник на наградата „Ерве Делиен“

Свечен прием  организиран во кабинетот на претседателот Стево Пендаровски во чест на Јордан Плевнеш, добитник на наградата „Ерве Делиен“ за 2021 година која ја доделува Француската академија.

Пендаровски го потенцираше значењето на творештвото од Плевнеш  на македонски и француски јазик за доближување на двата народи.

Во годината во која Франција одбележува 400 години од раѓањето на великиот Молиер, овде меѓу нас е човек кој со своето дело и дух постојано и секаде го воспева и „јазикот на Молиер“, ја одржува жива франкофонијата на овие простори и ја промовира нераскинливата врска меѓу Балканот и Европа. Поводот за оваа наша средба е најдобрата рефлексија на она што сакаме да го негуваме, секогаш и секаде меѓу нас, а што Плевнеш постојано го нагласува: хуманоста, како основна вредност врз која културните и сите други разлики ќе бидат препознаени како богатство за кое вреди да се твори и живее – изјави претседателот Стево Пендаровски.

Лауреатот Јордан Плевнеш  порача дека македонската франкофонска интелигенција, повеќе од 130 години на европската сцена ја афирмира идејата за македонскиот народ како дел од европската заедница на народите.

На приемот присуствуваше и францускиот амбасадор Сирил Бомгартнер кој истакна дела Плевнеш е несомнено најеминентен фракофоснски писател од Македонија, а неговите дела се во служба на франкофонијата во земјава.

Инаку, Плевнеш ја доби наградата за афирмација на неговиот творечи опус во Франција и франкофонскиот простор, а му беше доделена минатата година во француската академија под „Куполата на бесмртните“.

Кристина Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста