Пендаровски: Потфрливме во делот на примената на мерките против Ковид 19

На ниво на системски решенија, мерките против пандемијата на корнавирусот во нашата држава не се разликуваа многу од непосредното опкружување, ниту од другите држави во светот, но мислам дека делови од Владата со селективната примена на мерките, прописите и законите во однос на верските заедници, дополнително придонесоа да се шири Ковид-19, изјави претседателот Стево Пендаровски во интервју за Радио Слободна Европа.

Тој потенцира дека јадрото на мерките против ширењето на вирусот беа изготвени врз основа на препораките на Светската здравствена организација (СЗО).

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста