Пендаровски почна да се дистанцира од Заев, зачести си острите напади врз Владата

Се повеќе се продлабочува јазот меѓу шефот на државата и шефот на Владата, барем таков е впечатокот на јавноста во последно време, откако Пендаровски јавно почна да говори за политиките на власта со кои тој не се согласува. Последена од низата изјави е онаа на претседателот каде јавно кажува дека доколку би се соочил со ситуација каква што е Филипче, веднаш би поднел оставка. Од друга страна пак Заев се уште не до пушта Филипче да замине. Со тоа се поставува прашањето дали Пендаровски му откажува послушност на Заев.

Пендаровски не се либеше ни дирекно да ја посочи апсурдноста со Кичеец кој иако е во затвор, направи сообраќајка, па се најде во притвор. Но не само тоа, на само неколку месеци пред одржување на локалните избори, шефот на државата во интервјуто за 360 степени гласно кажа дека мал е бројот на актуелни градоначалници кои добро си ја вршеле работата.

Ваквите изјави веднаш ги предизвикаа заштитиниците на политиките на Владата со толкување дека претседателот на државата има амбиција за лидерската позиција во СДСМ по евентуалниот пораз на Заев на локалните избори.

Дека има конфликт меѓу првиот човек на државата и првиот човек на Влада, смета и долгогодишниот новинар Геровски кој вели дека според него, не очекува Пендаровски да добие втор мандат од СДСМ за претседателското место.

И покрај сиве коментари и изјави, сепак шефот на државата демантира дека имал несогласување со владата. Во изјава за дојче веле на македонски Пендаровски тврди дека е добар нивниот однос.

Да бидам уште попрецизен – за овие, скоро две и пол години, никогаш не сум добил ни јавна ни приватна забелешка од Владата за одредени мои изјави и постапки. Поинаку и не може да биде, затоа што со клучните луѓе во Владата, на чело со премиерот Заев се познаваме долги години, и имаме поминато ‘сито и решето’ и на улиците, и во институциите, во борбата за подобар живот“, изјави за Дојче Веле претседателот на државата.

И покрај демантирањата на претседателот сепак е јавно дека препирања меѓу него и Заев има, а тие започнаа уште лани во ноември кога премиерот  кажа дека неговата партија за претседателската функција кандидирала неискусен политичар. Заев тогаш во интервјуто за бугарската агенција БГНЕС оценките на шефот на државата дека „денешната бугарска политика нема излезено од матрицата на Тодоро Живков“ ги припиша на неговото недоволно политичко искуство.

Потоа следуваа недогласувањата околу личните документи односно Пендаровски рече дека лично не се согласува етничката припадност да биде во личните карти, што беше владин проект. Препукувања имаше и околу законот за дивоградби кој иако Заев се загалаше за него, Пендаровски одбиваше да го потпише.

Мери Ѓорѓиевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста