Пендаровски: Опозицијата ќе го закочи патот кон ЕУ

Пендаровски: Опозицијата ќе го закочи патот кон ЕУ

„Опозицијата ќе го закочи патот кон ЕУ бидејќи сакаат да дојдат на власт и да владеат без усул и по можност тоа да нема крај“ – порача кандидатот за претседател од СДСМ Стево Пендаровски од централниот митинг во Куманово. Тој рече дека бил претседател на сите и никого не дискриминирал за време на неговиот пет годишен мандат. Побара поддршка од граѓаните со ветување дека Македонија ќе стане членка на Европската Унија.

Нема друг начин да влезете во развиениот свет отколку да се договорите со првите комшии, па после да размислувате за интеграција во пошироките организации. Но во моментот кога ја одржавме првата конференција и мислевме дек ја ставивме Македонија на „брзата пруга“ и по ова прашање, за жал, освен опструкциите кои ги очекувавме од нашито источен сосед,  неочекувано, доживеавме опшструкции од политичката опозиција, олицетворена во најголемата политичка опозициона партија, ВМРО-ДПМНЕ, кои од свои мотиви, од свои причини, се однесуваа кон европскиот пат на Македонија, како Република Бугарија. Ја попречуваа и сеуште ја попречуваат земјава да напредува, рече Пендаровски.

Претходно партискиот лидер Димитар Довачевски изјави дека нивниот кандидат имал јасна визија за интегрирањето на Македонија во Унијата.

Стево Пендаровски нуди јасен план и визија за тоа како и до кога, односно до 2030 година Македонија да стане земја членка на ЕУ. Наспроти нашите политички конкуренти ВМРО – ДПМНЕ и нивниот претседателски кандидат Гордана Силјановска кои немаат ниту план, ниту визија, ниту одлучност ниту волја да тоа го направат, изјави Димитар Ковачевски за неговиот кандидат.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста