Пендаровски нема да свика лидерска, Заев ќе треба да го покани Мицкоски на средба

Заев пак се премисли.Иако неколку пати изминатиов период го отфрли барањето на опозицијата за лидерска средба, премиерот сега сака до крајот на годината лидерите на најголемите партии да седнат на заедничка маса за најважните прашања поврзани со ковид и евроинтеграциите.

“Подготвени сме да разговараме со опозицијата, да делегираме комплетни права на самата опозиција преку мнозинство на самата опозиција, но ни треба изнаоѓање на проекти за да застануваме заедно”, рече Заев

Мицкоски пак прифаќа лидерска,но ако не ја свика претседателот на државата и под услов да се дискутира и за  темите за кои ВМРО-ДПМНЕ смета дека се важни.

“Прво да се случи таа лчидерска средба. Откако ќе се случи претпоставувам дека ќе има дневен ред таа лидерска средба и врз оснива на тој дневен ред ќе излеземе со наша позиција да го дополниме тој дневен ред ако видиме дека тоа што е опфатени не ги содржи нашите барања. Ако не ги содржи ќе предложиме дополнување на тој девен ред. Ако и тоа дополнување се игнорира нема да бидеме дел. Не планираме кловнови да бидеме и да изигруваме циркуска атракција таму”, изјави Мицкоски.

Од кабинетот на Пендаровски за Алфа велат дека шефот на државата нема намера да свикува лидерска. Со оглед на ова сега останува иницијатор на лидферската да биде Заев.

Мицкоски бараше средба за отворените прашања со Бугарија. Заев го одби барањето на опозицискиот лидер со образложение дека не гледа потреба да разговара со човек кој нема став за ниту едно важно национално или стратешко прашање. Со Мицкоски не може да се постигне договор на било која тема и бара начин само како да и наштети на државата особено нас процесите кои не водат кон ЕУ, беше ставот на премиерот.

Градимир Марковски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста