Пендаровски нема да дозволи Димитров да испраќа амбасадори со двојно државјанство!

Претседателот Пендаровски нема да дозволи испраќање во странство на амбасадори кои поседуваат двојно државјанство. Откако Алфа објави дека постојат информации дека меѓу кандидатите за амбасадори има и такви кои поседуваат државјанство на други земји, а тоа се коси со Законот за надворешни работи, шефот на државата категорично ја отфрли можноста да потпише указ за именување на такви лица на амбасадорска позиција.

Актуалниот Закон за Надворешни работи, вели дека само државјани на Македонија може да се именуват за амбасадори. Не дозволува луѓе со двојно државјанство да бидат амбасадори. Побарав од службите пред да дојат предлозите кај мене за да ги потпишам указите, сите формално да се проверат преку институците, и ако има само еден со двојно државјанство, нема да го потпишам указот за да се именува амбасадор. Нема да го пратам како амбасадор, бидејќи на тој начин јас не би го почитувал Законот”, изјави за КОХА, Преседателот Стево Пендаровски.

Еден од оние за кои во јавноста постојат информации дека има двојно државјанство е професорот Мишо Докмановиќ кој се подготвува да оди во Израел. Тој за Алфа одби да ги коментира овие наводи иако неговата кандидтура е спорна и од други причини.  Неодамна поранешниот министер за надворешни работи Антонио Милошоски, предупреди дека професорот Докмановиќ бил дел од Комисијата за доделување стипендии за додипломски студии во странство која одлучи токму на ќерката на Димитров да и биде доделена државна стипендија во висина од 40 илјади евра за секоја година од студиите во Холандија.

 Постои основано сомнение дека остварувањето на ваквиот значителен приватен интерес за семејството на Никола Димитров влијаело врз (не)пристрасното вршење на неговите министерски овластувања кога тој одлучил на владата да ѝ го предложи токму професорот Докмановиќ, а не некој друг, за амбасадор во Тел Авив. Голема е веројатноста дека министерот Димитров како избран функционер му возвратил со давање на предност лично на професорот Докмановиќ и му овозможил повластица преку неговото предлагање за амбасадор во Тел Авив – објави Милошоски.

Во пресрет на формирањето на Техничката влада, Заев и неговите соработници забрзано започнаа да ги пополнуваат со свои луѓе амбасадорските места кои со години стоеја испразнети. Дали во желбата да ги наградат проверените кадри го кршат законот за МНР и  Законот за спречување корупција и судир на интереси, треба да се изјаснат соодветните институции.

 Драган Милосављевиќ

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста