Пендаровски контра Заев: Претседателот вели за проблемите со Бугарија мора да се говори во Собрание

Пендаровски контра Заев, шефот на државата смета дека за Бугарија треба да се говори во Собранието. Тој имал и информација дека Владата го променила ставот, па одлучиле за проблемите со источниот сосед да се говори пред народните избраници. Од власта досега одбиваа собраниска дебата за Бугарија, што според Пендаровски не било исправно. Вели тоа било нивна обврска да даваат отчет за сработеното пред Собранието.

-Она што го знам како последна информација е дека најверојатно следната недела на собраниската комисија за европски прашања или за надворешна политика, двајцата во оваа смисла надлежни министри, значи Димитров за евроинтеграции… Мислам дека е донесена одлука во Владата тоа да се случи, нема причина зошто да не се случи, тоа е нивна практично тековна одлука, од време на време да го информираат законодавниот дом и пратениците, изјави Пендаровски за МИА.  

Останува непознато зошто се променил ставот на власта, која и претходно неколку пати имаше можност за собраниска дебата околу спорот со Бугарија, но повиците од опозицијата беа одбивани.  Иако поканети храброст да се појават пред пратениците на собраа ниту Димитров, ниту Османи. Па опозицијата дури се реши и да го донесе вицепремиерот за евроинтеграции во Собранието како макета, велејќи дека секако имал слика, но немал тон.

-За жал не бевме удостоени ниту со образложение на самата покана, иако ја доставивме навремено. Обезбедени се сите здравствени протоколи, се што треба, но очигледно нивното отсуство од Собранието е нивна политичка одлука и покажување на непочитување кон собранискиот дом како претставник на народот и граѓаните во Македонија, изјави Милошоски во октомври.

И доколку преговорите со Бугарија влезат во Собранието, останува непознато дали граѓаните ќе дознаат нешто за истите, односно не се знае дали комисиската расправа ќе биде отворена или затворена за јавност.

Матеја Петровски

Поврзани вести