Пендаровски ја разгневи Србија

Претседателот Пенаровски предизвика дипломатаски скандал.Српскиот државен врв жестоко реагира на неговата изјава за приштинска “Газета” дека е против идејата за корекција на границите меѓу Белград и Приштина.

Како што објавува РТС запрашан за прашањето меѓу Србија и Косово, Пендаровски рекол дека е против идејата за корекции на границите бидејќи би се загорзил целиот напредок на регионот кој е остварен во последните 20 години.

Српскиот престседател Вучиќ смета дека изјавата на Пендаровски е обид да и се додвори на Германија. Вучиќ за Прва ТВ рече и дека го замолил македонскиот пртеседател да не се изјаснува за Косово.

“Единствената работа за која го замолив Пендаровски на инаугурацијата беше: Внимавајте, како Господ ве молам, гледајте за тие теми за Косово и Метохија да не зборувате“, рекол Вучиќ. Тие, секако, спротивно на мојата молба, го направија тоа за да се истакнат и да се умилкуваат на Германците” рече Вучиќ.

Уште поригиден е министерот за одбрана Вулин. Вели дека Србија одлучува како ќе ги решава проблемите со Косово и Метохија, а Пендаровски треба да молчи.

“Како Србија ќе ги решава проблемите на Косово и Метохија, одлучува Србија, а Пендаровски ниту некој ќе го праша, ниту пак ќе бара негово мислење, Може слободно да молчи на јазикот, кој никој не му го признава освен Србија, а на останатите јазици може уште погласно да молчи затоа што никој ниту бара, ниту му го прифаќа мислењето”, рече Вулин.

Вулин истакнува дека Пендаровски во Македонија малкумина го прашуваат за што било, а уште помалку е важно што тој мисли за прашањата поврзани со соседните држави.

Градимир Марковски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста