Пендаровски и Спасовски повикаа на заедништво и борба со Ковид-19

117 години од почетокот на Илинденското востание и 76 години од Првото заседание на АСНОМ – Македонија им оддава почит и признание на хероите  од најславната историја на земјава.

По повод Денот на републиката претседателот Стево Пендаровски се обрати од меморијалниот центар на АСНОМ во Пелинце каде рече дека Македонија денеска се сеќава на сите знајни и незнајни херои, комити и партизани, кои ги дадоа своите животи во борбата за слобода и независна држава.

Благодарение на нив, денес живееме во мир и во своја, меѓународно признаена држава. Затоа никогаш не смееме да го заборавиме нивниот придонес и инспирирани од нивното дело треба да продолжиме да работиме на благосостојбата и просперитетот на државата, почитувајќи се меѓусебно – изјави Стево Пендаровски – претседател на Македонија.

На денешен ден е поставен најцврстиот темелник во основата на македонската државност, борбата на сите наши илинденци никогаш не била мотивирана нуту за територии, ниту пак за доминација на една држава врз друга – истакна техничкиот премиер, Оливер Спасовски од скопската тврдина Кале.

Победа за сите нас затоа што Илинден и АСНОМ се симболи на заедништво, а не на подеблби. Денес славиме празник за подобро утре на оваа и на сите наши идни генерации како завет дека ќе продолжиме заедно да ја градиме нашата вековна иднина – рече Оливер Спасовски – технички премиер на Македонија.

Спасовски додае дека македонската државсност и слободата кои ги славиме денеска, не се подарок туку се остварени со многу жртви.

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста