Пендаровски и понудил на Шеќеринска амбасадорско место во САД, таа одбила?

Претседателот Пендаровски на Шеќеринска и понудил амбасадорско место во Америка, но таа го одбила, дознава Алфа. Веднаш побаравме одговор од кабинетот на претседателот, но и лично од министерката за одбрана, ама оттаму молк – ниту потврда ниту негирање до овие вести.

Ова уследи откако во јавноста, пред само 3 дена во албански медиуми, излезе информацијата дека СДСМ има намера да ја предложи токму Шеќеринска за прва жена претседател на Собранието. Министерката  не ја демантираше оваа вест. Ваквиот тек политички практично значи дека ако таа е решението за спикер, тогаш премиерот би бил од албанската заедница. Целата оваа комбинација не е прифатлива од помалите партнери во колаицијата „Можеме“, меѓу кои врие заради начинот на кој Заев ги „вози“ преговорите во обид да направи мнозинство за Влада.

Во меѓувреме дел од албанските партии повторно со уцена до Заев. Алијансата за Албанците би прифатила да влезе во новата Влада заедно со ДУИ, но само доколку мандатар биде Насер Зибери.

„Формирањето на Влада е игра на бројки, нормално, ние сме кажале, ако мандатар е Насер Зибери, ние ќе го поддржиме. Ако не, сите други комбинации кадешто би се нашле со некого со одредени програмски точки и принципи на добро владеење, тука сме да помогнеме и доколку можеме да направиме 61 пратеник без ДУИ“, рече Таравари.

Аријанит Хоџа од Беса пак вели дека ако Заев направи Влада со сите албански партии, тој ќе инсистира Беса да замине во опозиција.

ДУИ преговараат со сите, не откриваат специфични детали, туку само информации за средбите од општ карактер.

Шпекулации има и дека ВМРО-ДПМНЕ се пред прагот на договор со Алтернатива, но потврда за ова од партии нема.

Од партијата на Мицскоски велат дека течат преговори за нова влада.

Како што веќе рековме, работиме на обезбедување на мнозинствово Собранието. Во однос на средбите со албанските партии, во моментот кога ќе сереализираат,   односно   кога   ќе   треба   да   се   реализираат   ние   ќе   ја   известимејавноста. Не би навлегувал во детали, вели Димче Арсовски – портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ и понатаму преку соопшенија прават влада.

СДСМ ги продолжува сериозните разговори за формирање стабилно парламентарно мнозинство и за владина коалиција со полн, четиригодишен, стабилен мандат.

Преговорите меѓу партиите течат, но официјален договор се уште нема. Остануваат уште 5 дена до истекот на рокот кој го има Пендаровски за да го додели мандатот за формирање влада.

Мери Ѓорѓиевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста