Пендаровски го свика Советот за безбедност – ќе се прогласи ли кризна или вонредна состојба на целата територија?

Советот за безбедност проширен со министерот за здравство и началникот на Генералштабот во понеделник ќе одлучува за диополнителни мерки за справување со корона висусот и на целата територија. Кризната состојба или вонредната состојба во крајно неповолни услови се опции кои се на можни, но претседателот Пендаровски посочи дека постои и варијанта за зголемен ангажман на армијата.

„Постои можност за прогласување кризна состојба на цела територија и поради вирусот тоа е закана за националмата безбедност“, вели Пендаровски.

Шефот на државата смета дека може да се размислува за одложување на изборите иако тоа е одлука која партиите би требало да ја донесат со консензус. Според претседателот алтернативната кампања може да се спроведе. Но најголем проблем може да биде денот на гласањето. Спроведувањето на гласачкиот материјал ден претходно и процесот на гласање за инфицирани лица.

Пендаровски уверува дека Македонија добро се справува со вирусот. Смирува дека добил информации дека во стоковите резерви има доволно резерви. Апелира да не се шират лажни вести. Надлежните органи деновиве регистрирале неколку организирани обиди.
Денеска и на медиумските екипи кои ја следеа прес – конференцијата на претседателот им беше мерена температура. Беа испочитувани препораките за оддалеченост кај новинарите, но не и кај снимателите.

Градимир Марковски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста