Пендаровски го потпиша указот за законост за попис, албанските политичари веќе се пребројуваат – биле повеќе од 20 проценти

Шефот на државата го потпиша Указот за законот за попис, иако во политичките кругови се уште се кршат копјата токму за овој закон, сепак Пендаровски реши да стави параф.

Претседателот Пендаровски очекува процесот на спроведување на пописот да не се политизира, а добиените податоци да бидат од корист за севкупниот развој, со што ќе се овозможи формулирање на долгорочни стратегии во виталните области во државата-велат од Кабинет на претседателот на државата.

Власта инсистриа пописот да кој треба да се одржи за два месеци да се реализира, 

, опозицијата бара негово одложување и промена во законот , партиите од албанскиот блок пак се се погласни, биле повеќе од порано.

Прво ќе се регистрираме тука, а потоа оние кои се во странство преку валидни документи од нивните роднини тука или преку Државниот завод за статистика. Се знае колку постојано живеат тука, а колку надвор. Но сепак, сите се жители на оваа земја, подвлече претседателот на ДУИ.

За очекувањата од резултатите, тој напомена дека Албанците не може да бидат помалку од 25 проценти, колку што биле и во 2002 година. Бројката ја образложи со констатацијата дека Албанците во Македонија имаат стапка на наталитет кој последниве години е зголемен.

Не е само Ахмети кој лицитира со бројки, тоа го направи и неговиот сопартиец Адеми кој рече дека немало да ги признае резултатите од пописот ако бројот на албанци е под 20 %, потоа се правдаше дека бил исповоциран за таквиот одговор. Но сепак поранешниот министер за образование си има свои прогнози.

  • Дали може како министер за образование да споделам еден податок со вас – бројот на учениците за учебната година 2017/18 е 121 илјада и 272 Македонци, односно 64.22%, а 60.709 Албанци, односно 32.15%-рече Адеми.

И албанската опозиција си кажува бројки..

  • Доколку ги земеме податоците од 2002 година ние можеме да имаме сомнежи, некому можеби нема да му одговара, некој можеби ќе каже дека сме 35-40%, но ако ги земеме податоците од 2002 година и ги анализираме статистички бројките на родени и починати од 2013 до 2019 година, јас ви гарантирам дека не се помалку од 29%, туку над 29%-рече Халил Снопче  – АА и Алтернатива.

Заев пак смирува ситуација, какви и да се бројките на пописот никој нема да ги загрози или пак одземе веќе стекнатите права. Но тој не излезе со бројка колку македонци според него би имало на попишувањето.

Мери Ѓорѓиевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста