ПЕЛИСТЕР И ВАРДАР РАНО ПОПЛАДНЕВО ВО ПОСЛЕДНОТО 1/4 ФИНАЛЕ ОД МАКЕДОНСКИОТ ФУДБАЛСКИ КУП

Денеска во Битола, но на фудбалската арена Под Тумбе кафе уште еден меч на големите ривали односно на нивните фудбалски секции. Пелистер рано попладнево го дочекува Вардар во последниот меч од четвртфиналето во Купот на Македонија. Дуелот ги наоѓа и едните и другите во лоша ситуација бидејќи домаќинот е убедливо последен во Првата лига, а црвено црните се второлигаши. Победникот ќе им се приклучи на Силекс, Струга и Македонија Ѓорче Петров кои веќе си обезбедија место во завршниот квартет од Купот.